(ВИДЕО) Хаос во Турција: Општа тепачка на мечот меѓу Трабзон и Фенербахче

2005

Општ хаос настана на кошаркарскиот натпревар од турското првенство помеѓу екипите на Трабзонспор и Фенербахче, во кој гостите славеа со 119:90.

Пред крајот на првото полувреме, при водство на Трабзон од 37:35, нешто посилен блок направи Јан Весели, по што беше свирен фаул во напад, а тоа доведе до општа тепачка на теренот. Играчот на домашниот тим Крис Обекпа го бутна Чехот на теренот, по што настана турканица.

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ ја повлече својата екипа од паркетот, но набрзо се врати откако ситуацијата се смири.