ВИДЕО: Хаос во БиХ – главниот судија ставајќи ред турна фудбалер на терен

449

Дербито во фудбалскиот шампионат на БиХ, помеѓу Широки Брјег и Железничар (0-1), се одигра без гостински навивачи поради стравување од инцидент по вчерашните случувања во Хашкиот суд.

И покрај тоа, мечот не мина без инциденти, и тоа на терен каде што се случи еден вид на скандал.

Откако дел од играчите на двата тима влегоа првин во вербален, па во физички дуел, главниот судија ја зеде правдата во раката, па еден домашен фудбалер, во сета мешаница го турна на терен.

Ова дополнително ја зовре атмосферата на трибините, па така навивачите фрлаа најразлични предмети од трибините, а најдебелиот крај го извлече еден домашен фудбалер кој беше погоден со шише.