(Видео) Фудбалската револуција на дело: Португалија прва ја почувствува „неправдата“ од видео-технологијата

4376

На Купот на конфедерациите во Русија ќе биде тестирана видео-технологијата, а засега таа одлично функционира.

Селекциите на Португалија и Мексико во моментов го играат својот натпревар на Купот на конфедерациите, а веќе на самиот почеток од мечот дојде до една спорна ситуација.

По „проектилот“ на Кристијано Роналдо кој беше запрен од пречката, во продолжението од акцијата Пепе постигна погодок, но по консултациите кои траеја невообичаено долго, истиот беше поништен, по што радоста на Португалците беше залудна.

Целокупната ситуација делуваше смешно, бидејќи главниот арбитар мораше да чека „сигнал“ од надлежните кои ги прегледуваа снимките и утврдија дека Пепе се активирал од офсајд.

Голот беше поништен, мечот по кратката пауза беше продолжен, а светот виде како изгледа револуцијата во фудбалот на едно големо натпреварување.

loading...