(ВИДЕО) Фудбалерот кој доби страшна повреда од ѕвездата на Челзи ја заврши својата кариера

1167

Ударот кој Гери Кејхил му го зададе на Рајан Мејсон резултираше со тешки повреди на главата и крај на кариерата за фудбалерот на Хал.

Година дена откако во дуелот помеѓу Челзи и Хал стоперот на „Сините“ Гери Кејхил со глава му нанесе тешки повреди на главата на Рајан Мејсон, играчот за врска на „Тигрите“ одлучи да се повлече од фудбалот.

Шокантната вест беше потврдена во соопштението на Хал во кое се наведува дека докторите му препорачале на Мејсон поради тежината на повредата да стави точка на фудбалската кариера.

Инцидентот се случи на 27. јануари 2017. година по еден центаршут кога Кејхил ја „нападна“ топката а потоа со сета своја сила со челниот дел од черепот го погоди Мејсон зад левото уво.

Веднаш се виде дека повредата е сериозна, играчот за врска на Хал мораше да замине на операција поради повеќекратни преломи на черепот, а потоа се испостави дека Кејхил ставил точка на кариерата на Мејсон.

Рајан Мејсон кариерата ја започна во Тотенхем, во летото 2016. година прејде во Хал за рекорден износ од 13 милиони фунти, а до страшната повреда запиша 20 настапи за Хал и постигна два гола.

Мејсон пред три години одигра и еден меч за репрезентацијата на Англија.