(Видео) Финалето не може да мине без најголемиот: Како Ибрахимовиќ пристигна во Стокхолм

8036

Финалето од Лигата на Европа се игра во Стокхолм, главниот град на неговата татковина, а во дуел за трофејот се соочуваат Ајакс, клубот на неговата младост и Манчестер Јунајтед, клубот на неговата „старост“.

Теренот за жал е посиромашен за него и неговата фудбалска магија, но поради сето ова погоре наведено, немаше шанси Златан Ибрахимовиќ да го пропушти овој спектакл, па макар дошол и со една нога.

Како што е познато Ибрахимовиќ, оваа сезона најдобриот и најефикасниот играч на Јунајтед, пред еден месец, на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Андерлехт, ги искина лигаментите на коленото, што значеше не само крај на сезоната и барем полугодишна пауза, туку веројатен крај на кариерата. Ибрахимовиќ пред крајот на опоравувањето од повредата и операцијата ќе наполни 36 години.

Но, сега пристигна на „Френдс Арена“ и тоа така што до неговото место на трибините го водеше камионче, на кое Ибрахимовиќ преку капакот од моторот мораше да ја префрли „ранетата“ нога. Јасно, со такво превозно средство и во ваква поза, не можеше да мине незабележително, па веднаш го опседнаа обожавателите и фоторепортерите.

loading...