(ВИДЕО) Уште една магија на Србинот: Теодосиќ со додавање од зад глава – без гледање!

1406

По еден месец Клиперси го добија својот лидер на теренот, Блејк Грифин, кој ги предводеше до победа против Лејкерси синоќа, но свој печат остави и Милош Теодосиќ кој со уште една фантастична асистенција, токму до Грифин, го имаше потегот на вечерта во НБА лигата.

Српскиот „волшебник“ повторно командуваше во триумфот над градскиот ривал со 11 поени, 7 асистенции и 5 скока, а Грифин заврши со 24 поени.

Теодосиќ го направи потегот на вечерта, откако асистираше од зад грб без гледање за Грифин, обидувајќи се да спаси една топка да излезе во аут, а најдобриот играч на Клиперси со брутално забивање ја заврши акцијата.

Оваа асистенција покажува дека се раѓа ново трио на Клиперси (Теодосиќ-Грифин-Џордан) поради што навивачите би можеле лесно да го заборават Крис Пол.