ВИДЕО: Уругваец роден под среќна ѕвезда – излезе неповреден по хорор несреќа

463

Хосе Луис Матос, автомобилист од Уругвај и тоа како имаше среќа по катастрофалниот суди на трка со своето возило Пежо 208.

Автомобилот на целно стартната рамнина, при почетокот на трката во мешаницата на патеката се судри при што летна во воздух и петпати се преврте пред да застане.

Веднаш на патеката излезе безбедносно возило, како и пожарникари и лекари кои со доста напор, за релативно краток период го извадија возачот.

Откако беше пренесен во болница, лекарите не констатирале потешки повреди и Матос е пуштен на домашно лекување.