(Видео) Ужас во НАСКАР шампионатот: Страшна несреќа, три автомобили експлодираа при 300 километри на час

806

Верувале или не, во оваа несреќа никој не страдаше потешко. Најлошо мина Ариц Алмирола, кој со хеликоптер е префрлен во болница во Канзас откако во полна брзина се залета во два автомобили во трката „Го Боулинг 400“ во рамки на НАСКАР Манстер Купот.

Страшната несреќа се случи во 199-тиот од 267 кругови откако Џои Логано, поради квар на автомобилот, се залета во Даница Патрик. Тие двајца се извртеа на патеката, а Алмирола пристигна по неколку секунди. Несреќниот возач немаше како да ги избегне и се залета во нив при брзина од околу 300 километри на час.

Автомобилот на Алмирола веднаш експлодираше, а се запалија и преостанатите два. Даница и Логано сами излегоа од своите автомобили, но Ариц остана неподвижен да седи во кокпитот и сите се плашеа дека тој тешко настрадал.

Во болницата било утврдено дека полесно му настрадал петтиот пршлен, но тој е веќе пуштен на домашно лекување.

loading...