(Видео) Треба да биде исфрлена од атлетиката: Французинката намерно ја сопна шампионката и ја испрати в болница

1454

Чешката атлетичарка Дениса Росолова е тешко повредена Европското првенство во Белград. Поранешната шампионка на Европа падна на 400 метри откако патот и го пресече Французинката Флориа Гуеи и срамно ја сопна.

Чешката атлетичарка падна незгодно и се повреди, по што ја префрлија во болница, а француската атлетичарка е суспендирана.

За среќа, иако со околувратник го напушти натпреварувањето, Дениса Росолова се чувствува добро.

„Ја болат главата и абдоменот. Но, засега е стабилно. Отидовме во воената болница и таму ќе направи рентген и уште неколку прегледи за секој случај“, изјави лекарот на чешката репрезентација Јири Нојман.

Искусната, 30-годишна Дениса Росолова во Париз 2011. година го освои златото на 400 метри за време на Европското првенство во сала. Во Бирмингем дојде до бронзата во скок во далечина, како и во Гетенбург во штафетата 4х400 метри, додека во Хелсинки во 2012. година дојде до до среброто на 400 метри со препреки и бронзата во штафетата 4х400 метри.