(Видео) Тажна слика за легендарниот голфер: Се појави снимка од апсењето на Тајгер Вудс

1457

Полицијата го најде Тајгер Вудс како спие зад воланот на удрениот Мерцедес, а кога го извади од возилото имаше и што да види.

Тајгер Вудс повторно, по којзнае кој пат се најде на насловните страници. Сега причините се „случувањата надвор од спортот“, што никако не е непознато за него. Многумина се сеќаваат кога сега веќе поранешната сопруга го фати во прељуба со бројни проститутки.

Овојпат славниот голфер неодамна беше уапсен на Флорида на автопат каде спиел зад воланот во автомобил кој притоа бил видно оштетен. Полицијата секако веднаш го примети, а кога го извади од автомобилот да види за што се работи, освојувачот на 14 мејџер турнири (пандан на гренд слемовите во тенисот) беше практично вон себе. Бидејќи тестот за трезвеност таму е задолжителен, патролата се обиде да го изврши врз Вудс, но без успех, бидејќи тој едвај стоеше. Секако, веднаш беше приведен, а по преспиената ноќ зад решетки беше пуштен со кауција.

Тајгер во објава за медиумите тврдеше дека не е пијан, туку дека бил под силно дејство на лекови кои ги добил да ги пие по четвртата операција на ‘рбетот, што снимката од патролниот автомобил донекаде го потврдува. Без разлика дали му верувате или не, навистина е тажно да се види ваков великан на спортот во таква понижувачка состојба.