ВИДЕО: Стравичен пад на Американката – Вон проби дури три заштитни мрежи

1361

Една од најдобрите скијачки на денешницата, Американката Линдз Вон имаше голема несреќа на стартот од сезоната. На првиот спуст во Лејк Лујз, при крајот на патеката, откако и избега десното колено на Вон, таа излета од стазата и проби дури три заштитни мрежи пред да застане.

За среќа на сите, особено на Вон, таа после оваа несреќа се крена на нозе и се спушти до целта, и најверојатно помина без никакви последици.

„Мојата баба добро ми говореше дека треба да се спријателам со болката бидејќи ќе биде покрај мене цел живот. Болката и јас сме најдобри пријатели. Но, тоа е живот. Утре веќе е нова шанса, ќе бидам „претепана“, но ќе дада се од себе како и секогаш“, напиша Вон по стравичниот пад.