ВИДЕО: Спектaкл во Аргентина – се собраа 30.000 за да го испратат идолот од клубот

421

Јужноамериканците се добро познати како големи фанатици на фудбалот, а потврда за тоа се и фановите на Атлетико Национал.

Над 30.000 фанови на Атлетико во неработен ден, по дожд и без натпревар се собраа на стадионот за да го испратат нивниот идол Франко Армани кој направи трансфер во Ривер Плата.

Голманот беше во придружба на својата поубава половина Даниела, и двајцата облечени во дрес на клубот, а фудбалерот пушти солзи кога излезе на терен и ја почувствува атмосферата.

Армани е фудбалер со најмногу титули во историјата на клубот – 13 за 7 години, а тој при обраќањето пред насобраните фанови вети дека еден ден повторно ќе се врати во клубот.