ВИДЕО: Со колено директно во глава – како на кик-бокс меч, нокаутираше противнички голман

258

Мечот Русија – Шпанија кој заврши нерешено, но со шест гола (3-3) го одбележа и тешката повреда на чуварот на мрежата на „зборнаја“.

Шпанскиот репрезентативец, Родриго при еден обид да стигне една долга топка, невнимателно налета на противничкиот голман Андреј Луњов и директно со колено во налет го удри во глава.

Голманот веднаш е струпули на тревникот и започна да крвари. Сцените беа вознемирувачки, а докторите веднаш влегоа на терен, па по кратка имобилизација, го транспортираа во болница.

„Луњев е при свес, но не знае каде се наоѓа. Има гадна расекотина. Сето тоа ужасно изгледаше“, изјави неговиот соиграч Александр Кокорин.