(ВИДЕО) Снукер комедија: „Ракетата“ заспа среде натпревар

574

Најдобриот снукер играч во светот Рони о’Саливен е главен лик најде во еден од најсмешните моменти оваа сезона.

За време на натпреварот против Ли Хан на Отвореното првенство на Шкотска, тој заспа среде играта и неговиот сон, според извештаите, траел 12 минути. И покрај тоа, О’Саливен славеше со 4-3.

„Докторот ми рече да го искористам секој момент за краток одмор, без разлика каде сум бидејќи распоредот во последно време ми беше мошне тежок. Знам дека не треба да спијам за време на натпревар, но не можев да издржам. Морам да признаам дека по сонот, подобро го чувствував вратот и тоа се виде на масата”, изјави О’Саливен.

Тој се наоѓа во фантастична форма, победи на четири од последните пет турнири на кои настапи што е и една од причините за заморот.