(ВИДЕО) Се остварија најавите: Петта Златна топка за Кристијано Роналдо!

1529

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вторпат по ред и петти во кариерата ја освои Златната топка.

Иако не може да постигне гол во Ла Лига, Португалецот го освои престижното признание поради одличните настапи во Лигата на шампионите пред крајот на минатата и на почетокот од оваа сезона. Со Реал стигна до четири трофеи во 2017 година, а може да го освои и петтиот ако триумфира на Светското клупско првенство што ќе се одржи во Абу Даби.

Со ова, Роналдо се израмни со Лионел Меси по бројот на Златните топки, а двајцата фудбалери имаат и ист број трофеи во Лигата на шампионите и ист број Златни копачки на Европа.

Зад Роналдо во класификацијата останаа Лионел Меси и Нејмар.