ВИДЕО: Се вратија од подготовки, а и приредија дочек небаре чинши светски шампиони станале

928
Екипата на Црвена Звезда изминатата ноќ се врати од подготовките кои ги реализираше во Анталија, а на влез во Белград беа пречекани со пиротехничко шоу, небаре чиниш светски шампиони станале.
„Делије“ се познати како страствени навивачи на својот клуб, а во нивните редови владее еуфорија пред првиот меч од 1/16 финалето од Европа Лига кој се игра на 13. февруари протиц ЦСКА Москва.
Навивачите на клубот од Белград со овој потег изразија поддршка и порачаа дека и пролетната полусезона ќе бидат ветар во грбот за своите фудбалери.