ВИДЕО: Секоја чест за Федерер: Воодушеви во Глазгов со стајлингот кој тие му го подготвија

582

Роџер Федерер вечерва во Глазгов, Шкотска, одигра хуманитарен меч против Енди Мареј, а посебно интересен беше вториот гем од вториот сет, кој Швајцарецот го одигра во познатата народна носија во Шкотска, килт

Британецот Мареј го повика Федерер на хуманитарен меч во родниот Глазгов, а Швајцарецот без поголеми проблеми го прифати предизвикот.

Водителката пред почетокот на мечот го запраша Федерер зошто не носи килт, а Федерер и одговори: „Би го носел, но немам“.

Веднаш потоа пристигна килт за Федерер, и одигра добар дел од мечот во фамозната облека килт. Со тоа ги воодушеви присутните на трибини, бидејки одигра цел еден гем.