ВИДЕО: Рефлекси како младо момче – Буфон е неуништлив

626

Многумина го сметаат дека е за во пензија, но ветеранот Џиџи Буфон и во 4. деценија од животот покажува за што е способен.

Пред Тотенхем преку Кејн да постигне гол за 2;1, Буфон имаше маестрална интервенција од непосредна близина, со што уште некоја минута го остави својот тим во двојно водство.