(ВИДЕО) Реал го уништи кукавичкиот ПСЖ, Ливерпул подобар и од Сити

1543

Реал Мадрид ја има цела среќа на своја страна кога станува збор за Лигата на шампионите.

Дури и кога се наоѓа во мат-позиција знае како да се извади и да дојде до добар резултат. Така беше вечерва во дуелот со ПСЖ во кој од 0-1 стигна до 3-1 и резултат кој може да му ја спаси сезоната.

“Светците” поведоа преку Рабио во 31. минута, изгледаше дека Реал нема противодговор, но уште една на површина излезе кукавичката тактика на Емери и на фудбалерите на ПСЖ, слично како лани против Барселона. До крајот на полувремето Роналдо од пенал израмни, а во финишот од натпреварот за само три минути повторно и Марсело му донесоа триумф на својот тим.

На сето тоа му претходеше чудната замена на Емери кој од игра го извади Кавани за да го стави Мение и да ја засили одбраната. А, ни Кавани, ни Нејмар, ни Мбапе не одиграа на своето ниво од оваа сезона и во реваншот ќе мораат да докажуваат некои работи.

Извесно е дека Англија ќе има барем два претставника во четвртфиналето откако Ливерпул буквално го уништи Порто.

Мане постигна хет-трик, по еден гол додадоа Салах и Фирмино за убедливи 5-0, повисоки дури и од вчерашната победа на Манчестер Сити против Базел.