(ВИДЕО) Поделбите продолжија – „Гробари“ на два дела: За првпат на трибина после крвавата пресметка

1021

Навивачката група на Паризан, популарните „Гробари“ повторно се поделија како пред неколку години.

„Гробарите“ за првпат по крвавата пресметка на вечното дерби против Црвена Звезда, вечерва се вратија на трибините за време на мечот од АБА лигата против Задар.

Но во „Пионир“ навивачите на „црно-белите“ се поделени на две фракции и навиват од две различни трибини.

Од една страна на „Гробари“ се членовите на подгрупата „Јаничари“, додека на спротивната се „Вандал Бојс“. Двете групи си довикуваат навредливи пораки и повици за нова пресметка, а големиот број припадници на полицијата ги чуват двете групи од нови пресметки.