(ВИДЕО) Пенезиќ е една од трите ѕвезди во Лигата на шампионите, а нејзиниот гол се најде во Топ 5 на колото!

240

Вардар славеше на гостувањето кај Ференцварош од 29:28, а Андреа Пенезиќ доби индивидуално признание од ЕХФ.

Пенезиќ беше најефикасна во таборот на Вардарки со девет постигнати гола, со што се најде во изборот на трите ѕвезди на колото.

Освен тоа, еден од деветте гола на Пенезиќ против Ференцварош се најде и меѓу најдобрите пет. Нејзиниот, како и останатите најдобри голови на колото, може да ги видите ТУКА.