ВИДЕО: Пеколно полувреме: Дожд од голови и по некој црвен картон

252

Феенорд и Наполи по првите 45 минути имаат реми резултат (1:1), Ливерпул го прегази тимот на Спартак од Москва со 3:0, со головите на Кутињо (x2) и Фирмињо.

На натпреварот Порто – Монако е изгледа најинтересно, таму домаќинот води со 3:0, а на двете страни има по еден исклучен играч.

Бешикташ води кај Лајпциг со 1;0, Реал Мадрид против Борусија води со 2:1, со головите на Мајорал и Роналдо, додека со истиот резултат предност има и Тотенхем против АПОЕЛ, а најголемото изненадување вечерва е во Донецк, каде Шахтар води со 2:0 против Манчестер Сити.