ВИДЕО: Па дали ова е можно – кош со звукот на сирената за 40.000 долари

502

Во Пекинг викендов се играше завршницата на ФИБА 3×3, а во финалето силите ги одмерија Нови Сад Ал Вахда и Земун Мастерс.

Екипата од Нови Сад е двократен победник на ова натпреварување, a играат под знаменто на Обединтетите Арапски Емирати и беа апсолутни фаворити во финалето. На минута до крјаот имаа предност од 4 поени, но Земун ги стигна и дојде до прилика за целосен пресврт.

Во последниот напад топката беше во рацете на најдобрит играч на Земун, Богдан Драговиќ, секундите поминуваа, а потоа Драговиќ од очај проба да направи нешто. Тргна да дриблинг, се заплетка, топката му испадна од раце, но некако успеа да ја врати пак и се крене веднаш на шут и на крај сето тоа да се исплати со кош со звукот на сирената за конечни 19-17.

Овој кош беше вреден парична награда од 40.000 долари. Послатко од ова едноставно неможе да биде. А за да работите бидат уште подобри за Земун, вреди да се каже дека на патото до Мастерсот, тие немаа освоено ниту еден турни, а Нови Сад дури три.