(ВИДЕО) Не му доаѓа памет: Ламар Одом колабираше во ноќен клуб во Лос Анџелес

627

Поранешната НБА ѕвезда, некогашен најдобар шести играч во најсилната лига на светот, повторно е во центарот на вниманието откако се онесвести во ноќен клуб во Лос Анџелес, откако некогашната ѕвезда на Лејкерси конзумирал алкохол со часови.

Ова не е прв пат Одом да се најде во ваква состојба, откако во 2015. година беше пронајден колабиран во бордел во Невада, доживувајќи 12 мозочни удари и два срцеви удари во периодот кога бил хоспитализиран, но го избегна најцрното сценарио, иако сите очекуваа тој да почине.

Дрогата и алкохолот се главните виновници за крајот на неговата кариера, а за малку ќе платеше и со главата, поради што одлучи да замине на рехабилитација.

Тој пред неколку месеци во изјава за американските медиуми инсистираше дека е трезен и не конзумира наркотици и алкохол, но тој одново се најде во центарот на вниманието колабирајќи во Лос Анџелес.

Според сведоци, Ламар Одом се пијанчел со часови пред да колабира во ВИП секторот на ноќниот клуб.

Портпаролот на поранешната НБА ѕвезда сепак откри друга страна од приказната, кој истакна дека Одом се онесвестил поради дехидрација.