(ВИДЕО) Не можеше поинаку: Роналдо на омилениот начин до големиот јубилеј

681

Реал Мадрид успеа некако да дојде до израмнување во дуелот со ПСЖ со голот на Роналдо кој ја продолжи голгетерската серија во Лигата на шампионите.

Тоа беше негов 100. гол во елитното натпреварување како член на Реал, а до него дојде на омилениот начин – од пенал. Крос беше соборен во шеснаесетникот, Роналдо го изведе ударот од белата точка и го совлада Ареола иако голманот на ПСЖ беше блиску.

Вкупно 115. гола за Роналдо во ЛШ и 100 во дресот на Реал. Претходните 15 ги постигна во Манчестер Јунајтед.