ВИДЕО: Некои работи не се забораваат – Фалкао ја затресе мрежата на Порто, па се извини и доби громогласен аплауз

623

Порто полесно од очекувањата во рамки на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите славеше убедливо над Монако со резултат од 5-2.

Сигурно еден о најитересните моменти се случи во финишот на мечот кога Радамел Фалкао ја затресе мрежата на Порта во 78. минута. Колумбиецот ведаш штом погоди, се извини пред домашните фанови и доби громогласен аплауз.

Фалкао на Порто ќе му биде вечно благодарен бидејќи токму преку овој клуб стигна на голема врата во Европа. Откако ја напушти Португалија имаше блескави моменти во Атлетико Мадрид, Монако каде што е сега, но на два наврати кратко беше на позајмици во Премиер лигата. Ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед и Челзи.