ВИДЕО: На пријателска средба во Словенија, Шкендија – Интер Запрешиќ (1:1)

438

Во пријателска средба одиграна денеска помеѓу екипите на Интер Запрешиќ и Шкендија Тетово во Словенија, немаше победник, натпреварот заврши нерешено (1:1).

Први до предност на оваа пријателска средба доаѓаат фудбалерите на Шкендија, преку Бесарт Ибраими, кој ја надмудри одбраната на хрватската екипа и им донесе водство на „црвено-црните“.

До изедначување поранешниот клуб на Илија Несторовски доаѓа во 85. минута, кога Блажевиќ постигна гол за изедначување на 1:1, и за конечно реми на оваа средба.