ВИДЕО: На ваков зафат и борач ќе подзавиди – Весели буквално туширан, но возврати жестоко

1371

Дарушафака во градското дерби го совлада Фенербахче со  84-78, но дербито го засени еден мошне неспортски потег во еден дел од мечот.

Имено, домашниот играч, Душ Оздемироглу со еден боречки зафат на кој што и врвни борци би му завидел, букбално го тресна Јан Весели од паркет, што во борењето се нарекува туш.

За среќа Чехот избегна потешка повреда, веднаш се крена на нозе и без секунда да помисл му се одмазди на противникот откако со раце го бутна. Ова значеше исклучување за Весели кој мечот го догледа од трибина.