(Видео) Навивач на Арсенал го прекина интервјуто за да им аплаудира на навивачите на Звезда: Вакво нешто не сум доживеал

1076

Навивачите на Арсенал синоќа се израдуваа на победата на нивниот клуб против Црвена Звезда во Белград, но беа воодушевени од атмосферата која ја создадоа популарните „Делии“ на стадионот „Рајко Митиќ“, односно популарната „Маракана.

Еден навивач на Арсенал беше особено воодушевен.

„Ова е неверојатно. Луѓето мораат да знаат дека тие пеат некои 20 до 25 минути по мечот. Во последните 10 минути останаа без играч, примија гол во 85. минута, а тие и понатаму создаваа пеколна атмосфера“, рече навивачот на Арсенал кој се приклучи на аплаузите.

Го заслужуваат тоа. Можеби не се познати како навивачи со најдобро однесување надвор од стадионот, но на него знаат да направат неверојатна атмосфера“.