ВИДЕО: Мизерни „гаучоси“: Аргентина без Меси испушти два гола предноста и претрпе срамен пораз

669

Репрезентацијата на Аргентина уште еднаш докажа дека без Лионел Меси е еден просечен тим кој не може да игра ниту во некоја од послабите лиги низ Европа.

Откако во саботата ремизираше без голови против Русија, Аргентин вечерва загуби од Нигерија со 2-4 во пријателски натпревар штп се одигра во Краснодар. Да биде срамот поголем, “гаучосите” имаа предност од 2-0 по 36 минути со головите на Банега и Агуеро за потоа тотално да му ја препуштат иницијативата на противникот.

https://www.youtube.com/watch?v=HRW-VYowcMM

Нигерија тоа го искористи. Прво преку Ихеначо намали на 1-2, а во второто полувреме два пати погоди Ивоби и еднаш Идову за победа над, како што велат, еден од фаворитите за титулата на Мундијалот.

Лионел Меси доби поштеда за овој натпревар и уште во неделата се врати во Барселона.