ВИДЕО: Марсијал продуцираше неверојатна асистенција против Германија

1550

Францускиот интернационалец Ентони Марсијал уште еднаш потврди дека е во врвна физичка подготвеност, па со гол вечерва против Германија му испрати јасна порака на неговиот тренер Жозе Мурињо.

Вечерва во пријателски натпревар помеѓу Германија и Франција, Ентони Марсијал продуцираше фантастична акција против „панцирите“ која на крајот со гол ја круниса Александер Лаказет.

Селекторот на Германија уште на пресконференцијата пред мечот потенцираше дека е загрижен од нападите на Франција, и токму неговите стравувања се покажаа како точни, бидејки Марсијал дефанзивците на Германија ги направи „школарци“.