ВИДЕО: Мама миааа – ваква завршница долго време сигурно не сте виделе

1565

Меч за памтење во недела одиграа кошаркарите на Олимпија Милано и Авелинов во рамки од 8. коло во италијанското првенство. Особено импресивен беше крајот на првото продолжени кога тројките се редеа како на филмска лента.

На семафорот остануваше уште 20.5 секунди за игра пред крајот на мечот кога во напад тргна Авелино. Италијанецот Ариел Филои погоди тројка за изедначување на 83-83, а до крај за игра остана уште 12,3 секунди.

Олимпија Милано преку Американецот Куртис Џерелс ја врати тројката за нова предност од три поени, на секунда и 10 стотинки пред крајот на мечот и целата сала ја фрли во делириум.

Ако мислете дека ова е се, се лажете. Гостите по очајно додавање преку целиот терен го проиграа Филои кој едвај некако ја фати топката, се повлече во аголот  и со скок на една нога даде нова тројка Мечот потоа влезе во второто продолжени по кое Авелино се радуваше на победата со конечен резултат од 92-94.