ВИДЕО: Македонците се спасот за Истра – Митровски и донесе 1/4 финале од Купот

226

Тимот на Истра кој мака мачи да врзи крај со крај, во кој играчите сами се организираат и финансираат да патуваат на гостување, а згора на се, немаат примено пола година платта, продолжува да импресионира на резултатски план.

Само два дена откако ја совладаа Цибалиа во лигата, кога стрелец беше нашиот Томе Китановски, истото го сторија и денес, но во Купот.

Истра повторно беше гостин и по феноменален пресврт во последните 10 минути стигна до победа од 2-3 и пласман во 1/4 финалето од Купот.

Денес во листата на стрелците се запиша дефанзивецот Ристо Митревски кој во 84. минута стрелаше прецизно од белата точка.

CIBALIA vs ISTRA 1961 2:2 – Mitrevski

NK Istra 1961 je izjednačila s bijele točke.

تم نشره بواسطة ‏‎Hrvatska nogometna televizija – HNTV‎‏ في 7 نوفمبر، 2017

 

Играчите на овој клуб, за жал од утре најавија дека стапуваат во бојкот и нема да тренират се додека не се реши ситуацијата во клубот.