(Видео) Лудиот танц на Погба: Урнебесно славје на асот на Јунајтед

1456

Непосредно по завршувањето на финалето од Лигата на Европа и победата над Ајакс, Пол Погба се издвои од своите соиграчи во текот на славјето на теренот и одлучи на навивачите да им приреди спектакл.

Манчестер Јунајтед синоќа ја освои Лигата на Европа, со победа над Ајакс во финалето со резултат 2:0, а најоригинален во текот на славјето на теренот по мечот беше Пол Погба, стрелецот на првиот гол во вчерашното финале.