ВИДЕО: Леброн е човек на одлука – Кливленд дури по продолженија до победа

264

Екипата на Кливленд Кавалирс дури по продолженија успеа да слави во мечот против Минесота Тимберволс со резултат од 140-138.

За време на целиот меч двете екипи се менуваа во водство, а пред самиот крај на четвртата четвртина, Минесота преку Батлер успеа да поведе, но Кливленд се избори за продолженија по тројката на Леброн Џејмс на 45 секунди пред крајот.

Џејмс беше човек на одлука и во дополнителниот периот, откако во самиот финиш погоди за победа на Кавалирс.

Токму Леброн беше најдобар поединец во победата на Кливленд, остварувајќи трипл-дабл“ со 37 поени, 10 скока и 15 асистенции. За Џејмс ова е девети сезонски типпл-давл, а вкупни 64. во кариерата.