(Видео) Крвави сцени од Истанбул: Турските хулигани ги нападнаа навивачите на Олимпијакос

1521

Големи нереди се случија во Истанбул денеска, кога дојде до физичка пресметка помеѓу домашните навивачи и фановите на Олимпијакос кои пристигнаа на завршниот турнир во Евролигата.

Најпрво дојде до повредување на двајца навивачи од Грција, а потоа бројот на лицата кои завршија во болница се искачи на пет, со тоа што турските медиуми не обелоденија веднаш за кого станува збор.

Полицијата интервенираше дури откако тепачките се вжештија, па на крајот поголемиот дел од навивачите на Олимпијакос ги спроведе во хотелите во кои престојуваат со цел да спречат понатамошни инциденти.

Според информациите на грчките медиуми, иако меѓу напаѓачите на гостинските навивачи беше видено лице со обележја на Бешикташ, најголемиот број од турските навивачи биле од редовите на Фенербахче.

Овој петок стартува завршниот турнир од Евролигата и истиот се отвора со дуелот помеѓу бранителот на титулата, московска ЦСКА и Олимпијакос, од 17:30 часот, а три часа подоцна, се соочуваат Фенербахче на нашиот Перо Антиќ и Реал Мадрид. Во недела од 17:00 часот се игра натпреварот за трето место, а од 20:00 часот стартува финалето од Евролигата.