(ВИДЕО) Крај на програмата: Играч на Лилестрем се соблече и пехарот од Купот го стави на половиот орган

1104

Нешто невидено се случи на прославата на освоениот Куп на Норвешка.

Оваа сезона пехарот го освои тимот на Лилестрем кој во неделата во финалето славеше против Сарпсборг со 3-2. Синоќа фудбалерите славеа со своите навивачи, а славата ја однесе дефанзивецот Александер Мелгавис.

Пред насобраните фанови, тој изведе стриптиз-шоу, се соблече целосно гол, а пехарот го стави на половиот орган во еден од најскандалозните чинови во историјата на норвешкиот фудбал. Веројатно никој не му кажал дека Купот го носи епитетот Кралски, па со ова го навреди и Кралот на Норвешка.

Скандалозното видео можете да го погледнете ТУКА.