(ВИДЕО) Комедија во НБА: Охриѓанецот Осман се посрамоти на забивање

2273

По реконструкцијата на тимот на Кливленд Кливленд, охриѓанецот Џеди Осман добива поголема минутажа и засега добро ја користи.

И вечерва е така, игра солидно во дербито против Бостон и ќе имаше одлични оценки ако не беше еден интересен момент. Осман украде една топка на својата половина, тргна на забивање и промаши, на задоволство на домашната публика.

За поздравување е потегот на Леброн Џејмс кој му даде поддршка на својот помлад соиграч.