(Видео) Коентрао му ја „протна низ нозе“, па Роналдо го „награди“ со нога во глава!

1958

Роналдо не простува. Во тоа се увери и неговиот соиграч од Реал Мадрид и сонародник Фабио Коентрао. Иако важат за големи пријатели, Роналдо ниту него не му дозволува да го исмева пред останатите.

Токму тоа се случи на тренингот на Реал. Како што е обичајот, играчите се загреваа со популарната „шева“, а кога Роналдо дојде на ред да брка, Коентрао на неговиот лизгачки старт одговори со „тунел“, односно му ја протна топката низ нозе.

Роналдо притоа ја допре топката и така си осигура излез од кругот, односно таму го испрати Коентрао, но на соиграчите тоа не им беше важно, па со аплауз и овации го поздравија потегот на левиот бек.

Роналдо на тоа реагираше онака како што од него се очекува во такви моменти, односно со удар со нога насочен кон главата на соиграчот кој го „понижи“. За среќа, неговата копачка беше за неколку милимитетри „прекратка“ и ја промаши главата на Коентрао.

 

loading...