ВИДЕО: Кога ќе грешиш те чека воспитна – нокаутираше соиграч откако не му додаде како што треба

1597

За време на дуел од втората по ранг кошаркарска лига на Литванија се случи едена помалку невообичаена сцена која за краток период се рашири низ целиот свет.

Во мечот помеѓу Телсиаија и Витиса дојде до физичка пресметка на центарот од теренот помеѓу двајца соиграчи.

При еден напад, Домаркас избрза со додавањето, па наместо асистенција тој топката ја фрли во аут. Тоа многу го налути 35-годишниот центар Освалдас Мачернис кој веднаш му се нафарли на младиот играч и го нокаутираше.

 

Епилогот беше техничка грешка за центарот кој веднаш го напушти теренот, а публиката го испрати со негодување и свирежи.

 

л