ВИДЕО: Како Шпанија им дозволи пресврт на Португалија за футсал титула на ЕП

909

Нов европски футсал владетел е селекцијата на Португалија, која славеше во големото финале во продолжение против големата Шпанија со 3:2.

Шпанија имаше предност од 2:1, кога нивниот сега веќе трагичар, Мигелин, промаши пенал ситуација за водство од 3:1 и веројатно освојување на футсал круна, па затоа се случи неверојатен пресврт, и Португалија од негатива дојде до титула.

Ова е историја за Португалија бидејки ова е нивни прв златен медал од ваквите натпреварувања. Бронзена на крајот е репрезентацијата на Русија, која во натпреварот за 3. позиција славеше против Казахстан.

Португалецот Рикардињо и официјално беше избран за најдобар играч на Европското превенство во Словенија.