ВИДЕО: Каков период за Чапекоенсе: Пред година дена агонија, денеска масовно славје

634

Планетарно популарниот клуб Чапекоенсе, успеа да си обезбеди место на Копа Либертадорес идната година, точно една година од големата авионска несреќа која им се случи, во која го загубија целиот свој прв тим.

Бразилците ја совладаа Коритиба со 2:1, во гол кој го постигнаа во 96. минута од натпреварот, за потоа да следува масовно славје во соблекувалните на овој клуб.

Симболично е тоа како пред само една година клубот беше на работ на егзистенција во фудбалот, а денеска се е поразлично, само составот е драстично променет од тоа што беше пред една година.

Но несомнено, дека за нив после дождот дојде сонце, и ако некој заслужи конечно радост и среќа, тоа се тие.