(Видео) Каков лудак: Го нокаутираше својот соиграч поради лошото додавање!

1021

Неверојатна сцена на кошаркарски натпревар во Литванија каде дојде до тепачка помеѓу двајца соиграчи.

Литванија важи за земја каде кошарката е убедливо најпопуларен спорт и е единствена земја во светот каде овој спорт е број еден и важи за национален спорт. Но, очигледно дека 35-годишниот Освалдас Мачернис премногу сериозно ги сфаќа работите поврзани со кошарката, откако среде натпревар го нокаутираше помладиот соиграч Томас Домаркас во натпревар од втората кошаркарска лига во Литванија.

Домаркас во еден напад побрза со додавањето, па топката ја испрати во аут, што предизвика бес кај Мачернис, кој на крајот го нокаутираше.

Секако, тој заработи исклучување и веднаш мораше да го напушти паркетот.