(Видео) Кавани се „закачи“ и со Суарез, сите се прашуваат зошто не смеел да му „писне“ на Ибрахимовиќ

1308

Уругваецот по конфликтот со Нејмар, влезе во нови проблеми со уште една ѕвезда на светскиот фудбал, а навивачите „пукаат“ сеир…

Нов натпревар за Кавани, нов соиграч, нов проблем. Овојпат конфликт со Луис Суарез.

По една неуспешна акција во дресот на репрезентацијата на Уругвај, двајцата си разменија по неколку сочни пцовки. Суарез му се закани на Кавани кој не му остана должен, а видливо е дека и двајцата се нервозни. Суарез поради тоа што лошо ја започна сезоната, а вториот поради сета онаа ситуација што му се случува во ПСЖ.

Кавани, за само две недели, успеа да се замери со Нејмар и Суарез, а неодамна изјави и дека не мора да биде пријател со некого за да играте во ист тим.

Сепак, кога Суарез даде гол против Боливијците, Кавани не ни славеше, ниту му честиташе на колегата од нападот, едноставно се сврте и си отшета кон центарот.

На навивачите им е преку глава од односот на Кавани, па на социјалните мрежи постојано поставуваат прашања зошто популарниот „Ел Матадор“ не се однесуваше така кога играше со Ибрахимовиќ.

Одговорот е јасен, се знаеше тогаш кој е газда…