(ВИДЕО) И на ватерполо одат хулигани: Фрлија судија во базен

850

Ватерполото важи за мирен спорт иако во базенот се игра мошне грубо.

Ретко се случуваат инциденти, но тоа не важи за Балканот каде секогаш се е можно. На натпревар од Втората регионална лига меѓу Војводина и Црвена Звезда, хрватскиот судија Марко Матијевиќ заврши во базенот поради незадоволство на еден од присутните.

На две секунди пред крајот, при резултат 7-7, гледач се симна од трибината и буквално го фрли судијата во вода. Откако излезе, тој го прекина мечот и не сакаше да се доиграат последните две секунди.