(Видео) Иџе се огласи по „одземената“ титула во Чешка: Судиите ме казнија за банален инцидент

1961

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, остана без шанса да се бори за титулата во ЕТЦЦ шампионатот, откако на првата трка на последната патека во сезоната, судиите престрого го казнија и тоа откако Иџе напредуваше од петтото до третото место.

Стефановски имаше мал контакт со домашниот возач Фулин во моментот кога се најде на врвот, но судиите одлучија да реагираат и жестоко го казнија Иџе, кој мораше принудно да минува низ боксот, што го чинеше пласман на осмото место и без шанса за рамноправна борба за титулата во втората трка.

По овие случувања, Иџе се обрати до македонската јавност преку својот фејсбук профил, истакнувајќи дека поради банален инцидент бил жестоко оштетен од страна на судиите…

تم نشره بواسطة ‏‎Igor Idze Stefanovski‎‏ في 8 أكتوبر، 2017