ВИДЕО: Исфрустрираниот Вестбрук со сета сила неспортски удри по Јокиќ

833

Расел Вестбрук, играчот кој што го има најголемиот договор во историјата на НБА лигата во текот на изминатата ноќ, во немоќ експлодираше на неспортски начин.

На самиот почеток на мечот, Вестбрук се чини сакаше да му врати на Јокиќ за нешто посилниот блок во претходниот напад, па буквално на неспортски начин во стилот на НФЛ го бутна два метри од себе.

Судиите веднаш досудија прекршок, а по прегледување на снимките ја согледаа намерата и досудија неспортска.

https://www.youtube.com/watch?v=_2CKcYxciGk&feature=youtu.be&t=10

Што се однесува до самиот меч, Оклахома славеше над Денвер со резултат од 96-86.