ВИДЕО: Иновацијата ќе го убие она природното во Ф1 – доаѓа „Хало“, нешто кое никој не го посакуваше

1026

Кога на крајот од месец март годинава, тимовите од Ф1 повторно ќе се собираат на „Алберт Парк“ од каде и ќе тргне сезоната, сите ќе гледаат во промените на болидот на кои не бевме навикнати сите овие години.

Дефинитивно по неколку години тестирање и најавување, доаѓа системот „Хало Хало“ или познатиот ореал или кокпит.

Во прашање е додаток кој се наоѓа пред возачите и ќе има задача да го заштити од поголеми предмети кои ќе итаат кон него, како што е на пример пневматик и нешто слично.