(Видео) Идиоти без мозок: Навивачите на Ајакс кршеа столчиња на стадионот и ги фрлаа по своите играчи

1444

Сцени кои го расипаа впечатокот за атмосферата на „Френдс Арена“.

Ајакс синоќа не беше достоен за финалето од Лигата на Европа, екипата на Петер Бош во текот на 90 минути игра не успеа да создаде ниту една изразита шанса за гол, што очигледно ги разлути навивачите на „Копјаниците“, кои бесот поради бледата игра на својот тим ја искалија врз трибините на „Френдс Арена“.

Хулиганите ги кршеа столчињата и ги фрлаа на терен, а не реагираа ниту на апелита на играчите кои се обидоа да ја смират ситуацијата, туку и нив ги маваа со истите столчиња.

Сепак, Ајакс има со што да се гордее оваа сезона, иако во првенствената, но и трката за Лигата на Европа завршија на второто место. Бош на теренот против Јунајтед го изведе најмладиот тим во историјата на некое европско финале, кој за неколку години би можел да израсне во сериозна екипа, но во Амстердам веќе со години наназад се водат по политиката на создавање и продавање на млади играчи, што обезбедува стабилно функционирање на клубот.

Како и да е, младите фудбалери покажаа квалитет, но не можеа да се носат со „автобусот“ на Мурињо. На крајот, и статистиката покажува дека не биле целосно инфериорни. Впрочем, имаа поголем посед и повеќе упатени удари од Манчестер Јунајтед. Но, очигледно според нивните навивачи, тие морале да го победат тимот кој е далеку поквалитетен, поискусен, поскап и подобар.