ВИДЕО: Идиотизам на ниво – уругвајски навивачи се исмејуваа со авионската несреќа на Чапе

460

Срамното однесување на навивачите на уругвајски Национал е на пат да предизвика голем скандал во Копа Либертадорес.

Група фанови на Национал беа забележани како се шегуваат на сметка на авионската несреќа на Чапекоенсен во која загина безмалку целиот тим.

Ова се случи на првиот меч помеѓу Национал и Чапекоенсе од вториот круг во Копа Либертадорес.

Чапе испрати официјална желба до Национал, а од клубот од Уругвај истакнаа дека се дистанцираат од ова однесување на своите навивачи.